Morning Show
Забава
Scheduled on
| Monday | 08:00 | 10:00 | |
|---|---|---|---|
| Tuesday | 08:00 | 10:00 | |
| Wednesday | 08:00 | 10:00 | |
| Thursday | 08:00 | 10:00 | |
| Friday | 08:00 | 10:00 |
Забава, хумор, инфо.
Tagged as Fun, Info.
Желбата за убав почеток на денот за секој на ова тешко време за живеење, полно со стресови и проблеми беше голем мотив и инспирација да се концептуира и реализира Утринското реално радио шоу “Буди го петелот“. Во него пред се даваме акцент на убавата балканска забавна ретро музика која за многумина од нас значи убави спомени за едно поубаво време во кое имаше многу повеќе дружење, забава и во кое многу повеќе се ценеа моралните и човечки вредности на кои се базираше се. Тоа време бевме многу послаби технолошки , НО сепак не бевме несреќни, напротив имаше многу повеќе лични контакти, дружење и забава. Покрај музиката која е внимателно одбрана во ова шоу на хумористичен и природен начин се сервираат информации кои не се лесно достапни на секој и секако занимливости, интересни изреки, поуки, досетки кои го прават моментот подобар. Главни улоги во оваа емисија имаат “Петелот“ (кој живее по свое и секогаш се успива) и “Комшиката“ (која по навика е ранобудна и спремна за кафе и оговарање). Тимот кој стои позади реализацијата и концептот на “Буди го Петелот“ е во состав, музика и техника Ди Џеј Пентиум, уредник и водител Горан Шојка. Во целина овој проект кој започна да се емитува на 3 март 2019 година има за цел да Ве насмее, расположи, да го направи Вашиот работен амбиент подобар, да го разубави утрото во домашен амбиент. Слушатје “Буди го Петелот“ секој работен ден од понеделник до петок од 8 до 10 часот наутро.
Read more
Основач, менаџер, уредник, техничар и водител. Човек со огромно радио искуство како техничар и водител. Секогаш спремен за разговор, насмеан, позитивен. Прецизен и професинален во работните обврски. Тимски играч кој секогаш помага со совети. Среќен е кога гледа насмевка на лицата на луѓето околу него и секогаш се труди да биде причина за нечија насмевка. Премногу толерантен, но исто така одлучен, кога става крај на нешто тоа значи крај засекогаш. “Можеби сум добар, но не сум глупав“. е изреката која го поткрепува текстот погоре. Простувај, но не заборавај, притоа биди многу внимателен со тие на кои им простуваш.
Се викам Даниел Тошевски роден сум на 10 Јануари 1985 година во Скопје. Уште од Детството имав желба да се занимавам со Медиум, па така кога имав 10 години започнав да работам во Радио. Работев во неколку тогашни Радиа во Скопје се до мојата шеснаесетта Година кога привремено престанав со мојата Водителска кариера но никогаш не се откажав од таа Професија па така по пауза од 17 години минатата година повторно започнав со Емисија на Стар Радио. По професија сум Музичар Теоретичар со завршено Средно Музичко Училиште Илија Николовски Луј во Скопје Наставно-Теоретски оддел и ден денес Професионално се занимавам со Музика како Интерпретатор на Македонската Народна Песна. Имам снимено и Нови а имам и Препеано Стари Македонски Народни Песни.
Ди Џеј Пентиум е секогаш со Вас, дење и ноќе. Не јаде, не спие, а секогаш е свеж и расположен за забава. Единствено што му треба функционира е приклучок на електична енергија. Тој е нашиот најредовен и најфлексибилен член. Секогаш ги корегира нашите грешки, а попатно и ги исполнува сите наши наредби. Никогаш нема да го видите тажен и онерасположен. Токму затоа тој е најважниот член на нашата екипа. Без него невозможно е да функционира Стар Радио.
KAMC-FM 90.7 FM
Ex Yu Pop
Urban Folk
Mk Pop Hits
Mk Folk
Mega Hits