Disco Ball
Забава
Scheduled on
| Saturday | 11:00 | 12:00 |
|---|
Диско Хитови
Tagged as Disco Hits
Секоја сабота од 11 до 12 часот на пладне Ве враќааме во едно друго време кога имаше повеќе забава, дружење и подобар ноќен живот. Овие 60 минути ги резервиравме за најдобрите ретро диско хитови од тоа време кои за многумина од нас значат и спомени. Креатори и реализатори на овој проект се Марин и Шојка кои само за Вас ги селектираат и пуштаат најдобрите светски ретро диско хитови од седумдесеттите, осумдесеттите и деведесеттите. Послушајте не за убав викенд, бидејќи вистинската забава започнува со нас.
Read more
Марин Хрговиќ или Ди Џеј Марин како што го позаваат неговите пријатели и слушатели е редок формат на карактер и професионалец. Човек кој одлично ја познава светската ретро и поранешната Ју Ретро Поп-Рок музика. Марин во Стар радио донесе посебна свежина и радиото со него доби на ширина и квалитет во поглед на музиката. Слушајте го неговиот избор секоја сабота од 11 до 12 часот во “Диско кугла“ и од 14 до 15 часот во “Ретро со Марин“.
Основач, менаџер, уредник, техничар и водител. Човек со огромно радио искуство како техничар и водител. Секогаш спремен за разговор, насмеан, позитивен. Прецизен и професинален во работните обврски. Тимски играч кој секогаш помага со совети. Среќен е кога гледа насмевка на лицата на луѓето околу него и секогаш се труди да биде причина за нечија насмевка. Премногу толерантен, но исто така одлучен, кога става крај на нешто тоа значи крај засекогаш. “Можеби сум добар, но не сум глупав“. е изреката која го поткрепува текстот погоре. Простувај, но не заборавај, притоа биди многу внимателен со тие на кои им простуваш.
Ди Џеј Пентиум е секогаш со Вас, дење и ноќе. Не јаде, не спие, а секогаш е свеж и расположен за забава. Единствено што му треба функционира е приклучок на електична енергија. Тој е нашиот најредовен и најфлексибилен член. Секогаш ги корегира нашите грешки, а попатно и ги исполнува сите наши наредби. Никогаш нема да го видите тажен и онерасположен. Токму затоа тој е најважниот член на нашата екипа. Без него невозможно е да функционира Стар Радио.
KAMC-FM 90.7 FM
Ex Yu Pop
Urban Folk
Mk Pop Hits
Mk Folk
Mega Hits